Соработка на хидрометеоролозите од регионот за справување со поплавите
Според директорот на УХМР, Оливер Ромевски, целта е намалување на ранливоста на регионот од хидометеоролошки непогоди, особено од поројни поплави...

Македонија и земјите од Југоисточна Европа заеднички ќе дејствуваат во намалувањето на последиците од хидрометеоролошките појави. Ќе користат американски искуства за да го подобрат алармот за поројните поплави и заштитата на човечките животи и материјалните добра.
Според директорот на УХМР, Оливер Ромевски, целта е намалување на ранливоста на регионот од хидометеоролошки непогоди, особено од поројни поплави.
Брзите поплави се сериозен проблем и сметаме дека превентивата, насоките, а посебно тренинг делот за нашите хидролози ќе придонесат Република Македонија да го фати чекорот што се нуди на светско ниво, истакна Ромевски.
