Истекува рокот за откуп и закуп на општествени станови
31.03.2015 14:00
До денеска граѓаните имаа можност да се изјаснат за начинот на користење, дали ќе ги купат или ќе се одлучат за закуп...

Истекува рокот за откуп на општествени станови. Над 1.000 барања се доставени до Министерството за транспорт. За откуп на станови се доставени 769 барања, 188 за пренос, а 28 за закуп, информираат од Министерството.
До денеска граѓаните имаа можност да се изјаснат за начинот на користење, дали ќе ги купат или ќе се одлучат за закуп.
Корисниците што не ја завршиле процедурата ќе го изгубат правото за сопственост. Во државава има над 2.500 станови кои се користат бесправно, односно се дивовселени.
Висината на закупнината ке зависи од примањата на семејствата што го користат, а за социјално ранливите категории ќе нема кирија.
