Со регионална соработка до точна временска прогноза
Македонија и земјите од Западен Балкан заеднички ќе дејствуваат во намалувањето на последиците од хидрометеоролошките непогоди. Ќе користат американски искуства за да го ублажат алармот од поројни поплави за да се обезбедат поквалитетни временски прогнози...

По поплавите што лани и годинава го зафатија регионот, Македонија и земјите од Западен Балкан заеднички ќе дејствуваат во намалувањето на последиците од хидрометеоролошките непогоди. Ќе користат американски искуства за да го ублажат алармот од поројни поплави за да се обезбедат поквалитетни временски прогнози.
„Превентивата, насоките, а посебно тренинг делот за нашите хидролози ќе придонесат Република Македонија да го фати чекорот што се нуди на светско ниво“, вели Оливер Ромевски, директор на УХМР.
Од светската метеоролошка организација препорачуваат да се формира регионална платформа и систем за рани најави и предупредувања.
„Се работи на системи за набљудување кои треба да ги развијат државите за да може да се справиме со сите несреќи, кои би се случиле во иднина како резултат на климатските промени или внрежите“, изјави Милан Дациќ, Светска метеоролошка организација.
Земјите треба да бидат подготвени да ги препознаат, да ги оценат и да ги предвидат поројните поплави. Со обуки на вработените и примена на нова технологија ќе се обезбеди навремена заштита на луѓето и на материјалните добра.
„Тоа што метеорологијата и хидрологија во Македонија се заедно овозможува да можат да соработуваат за размена на податоци или информации во поглед на врнежите, количина на врнежи, влажноста на воздухот, каква е почвата...“, рече Томасо Абрате, Светска метеоролошка организација.
Според научните предвидувања, се очекува во иднина климатските промени да влијаат на зголемување на просечните температури и интензивирање на врнежите. Статистиката покажува дека при поројни поплави дневно животот го губат 14 лица.
Сунчица Николоска
