Проектот „Наш специјалист“ стартува во Берово и Валандово
Со ова како што потенцира министерот Тодоров, ќе се растоварат Клиничкиот центар и болниците во поголемите градови во земјава, а ќе се зголеми квалитетот на здравствените услуги...

Секоја сабота, почнувајки од 4-ти април пациентите во Здраствениот дом во Берово ќе добиваат специјалистички прегледи од областа на ортопедија и неврологија од лекари од скопските клиники. Валандовчани, пак, секоја сабота ќе се прегледуваат кај специјалист невролог во сопствениот град. Со ова како што потенцира министерот Тодоров, ќе се растоварат Клиничкиот центар и болниците во поголемите градови во земјава, а ќе се зголеми квалитетот на здравствените услуги.
„Проектот, ќе го спроведуваме континуирано и планираме секоја недела да имаме најмалку еден до два нови града во кои ќе бидат упатувани специјалисти за специјалности за кои имало најголем број упатувања во болници во други градови или на клиниките во Скопје“, изјави Никола Тодоров, министер за здравство.
Досега за невролог годишно од Берово преку мој термин упати за невролог побарале 1161 пациенти, а за ортопед 2.261 болни, кои за специјалистичко -консултативни прегледи најчесто биле праќани во штипската болница.
Во Валандово најголема потреба имале од невролог, каде што досега од матичните доктори биле издадени над 1.100 упати.
Игор Панов
