Инвестиции за поквалитетна локална инфраструктура
Градежната оператива е на терен. Се градат нови автопати, магистрални, регионални и локални патни правци. Капиталните инвестиции во инфраструктурата значат ангажман на градежни работници, но и зголемена конкурентност на домашната економија. Најавени се нови инвестиции...

Градежната оператива на терен. Временските услови сеуште кочница за забрзана реализација на планираните активности. Над 2.000 работници треба да градат автопати, да реконструираат патни правци. Најавени голем број инвестиции во регионалната и патна инфратсруктура. Прилеп- Градско, Штип- Кочани, капитални проекти за годинава. Летово ќе се работи и критичната делница од Прилеп до Росоман, ќе се прави експресен пат од четири ленти. Нова траса и од Штип до Кочани.
„Обезбедивме финансии во вредност од 43 милиони евра за изградба на експерсен пат Штип- Кочани, како комплетно нова траса со четири ленти во должина од 26 километри. Почетокот на градежните работи е во втората половина на оваа година и комплетно ќе се реализира до крајот на 2017-та година“, изјави премиерот Никола Груевски.
До крајот на годинава надлежните најавија, ќе се вози по комплетно реконструираниот патен правец Велес- Кардифаково. На агендата и модернизација на Кочани- Каменица- Делечво, ќе се проширува, ќе се интервенира на критичните точки. Инвестицијата е вредна 10 милиони евра. Од владата велат- се работи на локалната патна инфраструктура.
„Во 2015-та година се предвидени инвестиции во над 45 локални патишта во над 40 општини со должина од над 60 километри и инвестициска вредност од над 7 милиони евра“, изјави портпаролот на владата, Александар Ѓорѓиев.
Досега се рехабилитани и изградени над 360- тина локални патишта низ Македонија, велат надлежните. До крајот на годинава најавуваат градба на 44 нови, инвестиција од 6,7 милиони евра.
Сузана Фиданска- Стоевска
