Четири нови инвестиции и 3.000 вработувања во тетовско

04.04.2015 16:54

Премиерот Никола Груевски најави четири нови странски инвестиции во полошко- тетовскиот крај во кои ќе се вработат околу 3.000 луѓе. Освен ова, Груевски најави изградба на Ургентен центар и нови патишта, како и зголемување на стипендиите за студенти и средношколци...

Четири инвестиции во тетовско и 3.000 нови директни работни места, најави премиерот Никола Груевски. Италијанската компанија „Про компа“ која што веќе гради, почнува со работа и со ангажман на работниците на лето. Американска компнија која треба да вработи 2.500 луѓе ја почнува браунфилд инвестицијата. Своите интерни одлуки ги потврдиле и италијанска компанија за минибуси и белгиска за метали. Наскоро премиерот очекува потпишување  на договори.

Освен четири нови страснки инвестиции во тетовско, премиерот Груевски најави зголемување на студентските и средношколски стипендии за 10 проценти. Се зголемуваат стипендиите за талентираните ученици, за  децата спортисти и оние од социјалните категории. Нови мерки кои ќе им помогнат на граѓаните се предидени и за земјоделците. Се олеснуваат условите за користење на земјоделската механизација и се намалува цената за изработка на елаборат за сеча на шума.

За три до чеири месеци во Тетово се очекува да биде отворен нов ургентен центар, најави Груевски. Годинава ќе бидат вложени 15 милиони евра инвестиции во полошко и 5 милиони евра нови субвенции за земјоделците од овој крај. Со претходните мерки за вработување се очекува само годинава намалување на бројката на невработени за повеќе од 20.000. Постапката  за ваучери за таблети е во процедура, а 100 проценти оштета ќе добијат и земјоделците во поплавените подрачја.

 

Дијана Ценевска