Пресметка во Охрид, повредени пет лица
Оружана пресметка во Охрид. Најпрво се степале децата при што имало и оружана престрелка, за на крај во општата болница да се пресметаат и родителите. Пет лица се повредени, но сите се вон животна опасност...

Пет лица се здобиле со повреди во меѓусебна пресметка што се случи изутринава во неколку делови на Охрид. Се започнало во кафе бар во центарот на градот, каде дошло до вербална па физичка пресметка на две групи млади лица од Охрид, за потоа инцидентот да ескалира пред домот на еден од учесниците,при што е употребено огнено оружје. Настанот имал и трето полувреме кога и родители се степале во холот на охридската болница.
„Повредените кои беа донесени изгледаа како да се во општа тешка состојба,меѓутоа беа вон животна опасност. Соодветно ги решивме хируршки“, изајви Димитар Арнаудов- хирург.
Веднаш по пријавувањето на случајот интервенирала полицијата.
„Во алкохолизирана состојба вербално се пресметале најнапред вкупно четири лица,а потоа и физички, разменувајќи си повеќе удари со тупаници, но и со чаши, шишиња и друг инвентар од кафе барот“, изјави Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.
Полицијата презема мерки за целосно расветлување на настанот, а за учесниците ќе следуваат кривични пријави.
Сашо Нелоски
