Ангелов продолжува со притисоците врз МРТВ

04.04.2015 17:48

Ангелов на денешниот собир рече дека ќе падне крв доколку власта се обиде да го уапси лидерот на опозицијата Зоран Заев, зашто почнал да ги објавува снимките...

Членови на Достоинство, придружувани од други партиски активисти и граѓани, предводени од Стојанче Ангелов, денеска излегоа на нов протест пред МРТ.

Се обидоа со притисок да ја принудат Македонската телевизија да ги објави прислушуваните разговори кои ги пушта СДСМ, а за кои Јавното обвинителство предупреди дека објавувањето е казниво со закон.

И покрај предупредувањата од сртана на обвинителството, МРТ во изминатиов период во континуитет е изложена на жесток притисок, невиден во демократските системи. Ангелов на денешниот собир рече дека ќе падне крв доколку  власта се обиде да го уапси лидерот на опозицијата Зоран Заев, зашто почнал да ги објавува снимките.