Ограбена аптека во Центар
07.04.2015 12:12
Непознат сторител, маскиран и вооружен со нож извршил разбојништво, соопштуваат од МВР...

Вчера околу 20.00 часот на ул.„50-та девизија“, поточно во аптека „Еурофарм“, непознат сторител, маскиран и вооружен со нож извршил разбојништво.
Од лице вработено во аптеката одзел сума на пари од околу 16.000 денари, по што го напуштил местото на настанот.
Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
