Гостивар: Полицијата расветли 14 кражби

07.04.2015 12:26

Осомничени и кривично пријавени се А.Х.(22) од Гостивар и А.О. (20) од Кавадарци, со времено престојувалиште во Гостивар...

Полициската станива во Гостивар расветли 14 тешки кражби, кои во февруари и март годинава биле извршени во куќи во Гостивар и околните населби. Осомничени и кривично пријавени се А.Х.(22) од Гостивар и А.О. (20) од Кавадарци, со времено престојувалиште во Гостивар.

Двајцата пријавени во овој период, најчесто преку прозорците, кои насилно ги отворале, провалувале во куќите и одземале најразлични предмети, претежно технички производи (телевизори, рисивери и друго ), покуќнина ( теписи, завеси), облека, алатки и слично, кои подоцна ги препродавале на други лица.

Осомничениот А.О. е приведен и во текот на вчерашниот ден е изведен пред судија во претходна постапка на Основниот суд Гостивар и определен му е осумдневен притвор, додека осомничениот А.Х. засега е недостапен и се бара.