Со средства од ИПАРД до нова механизација за земјоделците
08.04.2015 11:40
За производство на добиточна храна преку ИПАРД сточарите ќе можат да купат трактори. Од европските пари ќе може да се покријат и половина од трошоците за изградба на нова фарма...

За трактори и механизација за производство на добиточна храна, земјоделското стопанство треба да произведува и млеко.
За еден тактор треба да има најмалку 5 крави, 150 овци или 30 кози.
Пари од ИПАРД можат да се побараат за градба на шталите, складирање на ѓубривото и системи за разладување на добитокот.
Финансиската поддршка е 50 проценти од цената на опремата.
Инвестициите се контролираат 5 години и не смеат да се продаваат.
Методија Трајков
