По 33 години- прва посета на американски претседател на Јамајка

09.04.2015 11:58

Главна тема на разговорите ќе биде правилната употреба на електрична енергија и нејзиното производството...

Американскиот претседател Барак Обама пристигна во Јамајка каде што ќе оствари средба со премиерот Милер и со лидери на уште 15 земји. 

Главна тема на разговорите ќе биде правилната употреба на електрична енергија и нејзиното производството. По 33 години ова е прва посета на американски претседател на Јамајка.

За време на посетата на Латинска Америка, обама ќе учествува и на Американскиот самит кој ќе се одржи на 10-ти и 11-ти април, каде што ќе присуствува и кубанскиот претседател Раул Кастро.