АРМ со искуствата од Словенија ќе го штити воздушниот простор над Македонија
09.04.2015 13:56
Унапредувањето на билатералната воена соработка, заедничка обука и искуствата од учеството во мисиите предводени од НАТО и од Европската унија се главни теми на разговор...

Во официјална посета на Армијата на Република Македонија е словенечката делегација, предводена од Началникот на генералштабот на војската, генерал мајор Андреј Остерман.
Главни теми на разговорите со неговиот домаќин, началникот на генералштабот на АРМ, генерал-потполковник Горанчо Котески се унапредувањето на билатералната воена соработка, заедничка обука и искуствата од учеството во мисиите предводени од НАТО и од Европската унија.
АРМ ќе ги користи словенечките искуства во заштита на воздушниот простор.
