САД: Предупредување до Иран за Јемен

09.04.2015 18:10

Кери истакна и дека Техеран мора да знае дека САД нема да стојат на страна додека Блискиот Исток се повеќе се дестабилизира...

Американскиот државен секретар Џон Кери изјави дека Вашингтон знае дека Иран ги поддржува шиитските Хути кои се борат со владините сили во Јемен.

Кери истакна и дека Техеран мора да знае дека САД нема да стојат на страна додека Блискиот Исток се повеќе се дестабилизира. Тензиите во регионот растат откако Иран  испрати воени бродови во близина на брегот на Јемен.

Сепак, Техеран ги отфрла обвинувањата дека им помага на шиитските бунтовници кои во борбите со владините сили презеле под нивна контрола големи делови на Јемен, вклучувајќи го и главниот град Сана.