Одложен судскиот процес за дедо Љубе

14.04.2015 12:26

Дедо Љубе со својата пушка тогаш уби еден од двајцата натрапници во неговата куќа. Обвинителството го товари за три кривични делa- убиство на миг, убиство во обид и за неовластено поседување оружје...

Се одложува судењето на дедо Љубе, откако неговите адвокати денеска во кумановскиот суд, побараа да се повтори исрагата за да се утврди што точно се случило пред две години, кога тој и неговата сопруга беа нападнати во нивниот дом. 

Дедо Љубе со својата пушка тогаш уби еден од двајцата натрапници во неговата куќа.  Обвинителството го товари за три кривични делa- убиство на миг, убиство во обид и за неовластено поседување оружје.

При нападот во неговиот дом, дедо Љубе бил измачуван од натрапниците. Пред да успее да се ослободи, застрелал еден од напаѓачите.

Од измачувањето неговата сопруга останала глува. Дедо Љубе доби голема поддршка на социјалните мрежи преку кои се бара негова слобода.