Техникал текстил ја почнува инвестицијата во Штип
14.04.2015 12:41
Станува збор за фабрика која се занимава со производство на изолациски материјали за градежната, автомобилската и авионската индустрија...

Претставници на компанијата Техникал текстил денеска ќе се сретнат со премиерот Никола Груевски по што ќе го потпишат договорот за својата инвестиција од 12 милиони евра во Технолошко индустриската развојна зона - Штип.
Станува збор за фабрика која се занимава со производство на изолациски материјали за градежната, автомобилската и авионската индустрија.
Во првата фаза се планирани вработувања на 500 до 600 лица.
