Бизнис директориум за поголема соработка меѓу домашните и странските компании

14.04.2015 14:07

Директориумот претставува интегрирана база на податоци за македонските претпријатија, групирани по големина, профил, дејности, број на вработени, остварена добивка...

Бизнис директориум со поддршка и поврзаност на 64 домашни компании промовира денеска Советот на странски инвеститори при Стопанската комора на Македонија. Ги охрабрува менаџерите да ги подигнат стандардите зашто соработката не е само желба, туку и неопходност на странските фирми во Македонија.

Директориумот претставува интегрирана база на податоци за македонските претпријатија, групирани по големина, профил, дејности, број на вработени, остварена добивка, преку кој, заинтересираните инвеститори можат едноставно и брзо, во секое време, да најдат фирма која одговара на нивните потреби.

Нашата задача е да им покажаме на новите инвеститори дека соработката е безбеднда, но и да ја зголемиме довербата во локалните фирми, да им кажеме дека можат да задоволат одредени стандарди и да ги понудат своите услуги, посочи претседателот на Советот, Хуан Педро Наваро.

Целта е да се олесни соработката меѓу странските и домашните компании.