Заев објави нови аудио снимки
14.04.2015 16:36
Заев нагласи дека тој му дава шанса на дијалог со политичките опоненти со посредство на меѓународната заедница...

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев објави нов сет аудио снимки, за кои што тврди, дека од нив може да се слушне како премиерот Груевски, директорот на УБК, Мијалков и министерската за внатрешни работи, Јанкулоска се договараат за кадровски решенија во администрацијата, судството и јавните претпријатија.
Според него станува збор за злоупотреба на службената должност.
Заев нагласи дека тој му дава шанса на дијалог со политичките опоненти со посредство на меѓународната заедница. Се надева дека од тие разговори со власта ќе се најде адекватно политичко решение кое ќе биде од интерес на граѓаните.
Игор Панов
