Собранието даде зелено светло за избор на новите членови на Антикорупциската комисија

14.04.2015 16:58

За 5-те места аплицирале 59-мина. Од стариот состав остануваат двајца...

Собранието ги изгласа новите петмина антикорупционери. Во следниов период во Антикорупциската комисија ќе работат Горан Миленков, Игор Тануровски, Најдо Спасовски  Сузана Аџикотарева и Жаклина Димчевска. Од претходниот состав во Антикорупциската комисија остануваат Сејди Халили и Фајрие Алиу.

За независниот пратеник Солза Грчева новите антикорупционери треба ревносно да работат, а граѓаните да ја следат ниивната работа. За ДУИ, комисијата треба да одговори на предизвиците.

За 5-те места во Државната комисија за спречување на корупцијата вкупно аплицирале 59-мина.

 

Миле А. Ристески