Аналитичари: Нелогичности и контрадикции во исказите на Заев за случајот „Пуч“
„Обидот сето ова да се претстави како борба за демократска Македонија е демаскиран“ - велат аналитичарите по серијата изјави на лидерот на СДСМ, Заев по распитите за случајот „Пуч“ во кој виделе низа нелогичности и контрадикции. Остануваат на тврдењето дека владините претставници биле мета на странски служби, затоа што нелогично им е сами да се прислушуваат...

Изјавите што ги даде Заев по распитите во јавното обвинителство за случајот „Пуч“ ја изнесуваат вистината на виделина – тоа е дека зад него стојат странски центри кои со помош на агентурни мрежи од државава вршеле прислушување – велат аналитичарите. Според нив, нелогично е владините претставници сами себе да се прислушуваат, туку очигледно е дека тие биле мета на други.
„Прво како мотив на целата акција на опозицијата е дека нашите служби прислушувале, а се што објавуваат е прислушкување на врвните личности во државата. Нема логика тие сами себе да се прислушуваат. Тоа е нов доказ дека зад сето тоа стојат странски служби“, смета Ристо Никовски – поранешен амбасадор.
„Досега имаме толку многу доказен материјал слушнато така да кај секој еден слободоумен човек со нормална логика веќе јасно му е од каде дува ветерот. Целата оваа работа е изменаџирана и позади нејзе стои странска држава или странска служба“, вели аналитичарот Александар Пандов.
За аналитичарите, нелогичен е коментарот на лидерот на СДСМ дека не тој, туку Груевски и Мијалков треба да одговараат за кршење на Уставот и на законите. Велат дека изјавата на адвокатот на Верушевски, дека МВР било виновно за ваквата ситуација затоа што не обезбедило комплетна заштита на системот, лоцира сомнеж кај првоосомничениот во „Пуч“.
„Во тоа што го зборува се препознаваат многу нелогичности, контрадикции и мислам дека неговиот обид сево ова да го претстави како борба за демократска Македонија е апсолутно демаскиран и препознаен кај македонскиот народ“, нагласува аналитичарот Тони Науновски.
Аналитичарите зклучуваат дека е разоткриено сценариото за дестабилизација и уривање на системот и оти тоа на опозицската партија нема да и успее.
Наташа Гркова- Петрушевска
