Во февруари за 23,5% повеќе странски туристи

14.04.2015 18:38

Статистиката прецизно измерила дека вкупниот број на туристи пораснал за 9 насто, но намален е бројот на домашни за 11,6...

Македонија е се поатрактивна дестинација за туристите. Само во февруари земјава ја посетиле за 23,5% повеќе странски туристи во однос на истиот месец лани, односно 19 илјади 793 туристи. Статистиката прецизно измерила дека вкупниот број на туристи пораснал за 9 насто, но намален е бројот на домашни за 11,6.

Кога се во прашање ноќевањата, во февруари биле регистрирани за 2,8 насто повеќе. Бројот на ноќевања на странските туристи пораснал за 16 насто, а на домашните се намалил за 13.

Во февруари најмногу туристи пристигнале од Грција- 3.213, односно 16,2  насто од вкупниот број. На второ место се српските туристи, а на трето турските.