Во Брисел продолжува дијалогот меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ
15.04.2015 11:33
Во Eвропскиот парламент продолжува дијалогот меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ со посредство на европратениците Едвард Кукан, Иво Вајгл и Ричард Ховит...

Преговарачките тимови на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ денеска во Брисел зад затворени врати на уште една- втора по ред, рунда разговори за изнаоѓање начин за излез од политичката криза во Македонија.
Разговорите се со посредство на европратениците Иво Вајгл, Едвард Кукан и Ричард Ховит. Првата рунда на 30-ти март заврши без успех, но со договор средбите да продолжат по Велигденските празници.
Во разговорите претставници на владејачката партија се: Никола Попоски, Никола Тодоров и Илија Димовски, а на СДСМ: Радмила Шеќеринска, Рената Дескоска и Виктор Габер.
