Грантови за прекугранична соработка на Македонија и Албанија
Новата ИПА програма ќе биде промовирана денеска во Струга во присуство на претставници на двете држави...

Европската унија ќе одвои 11,9 милиони евра за новата ИПА прекугранична програма помеѓу Македонија и Албанија во периодот до 2020 година. Од овој износ 10,7 милиони се предвидени за грантови со кои ќе се финансираат прифатените проекти.
Новата ИПА програма ќе биде промовирана денеска во Струга во присуство на претставници на двете држави. Целта е да се стимулира поизбалансиран и одржлив развој на прeкуграничната област меѓу двете земји.
Програмата се фокусира на три тематски приоритети: поттикнување на туризмот и културното и природно наследство, подобрување на конкурентноста, трговијата и инвестициите и екологијата, подобро прилагодување кон климатските промени и миграцијата, заштита и управување со ризик.
Свето Николовски
