Струмица

Преполовен родот на пролетната зелка

15.04.2015 11:52

Неповолното време директно се одрази врз квалитетот и родот на пролетната зелка од која во нормални услови градинарите имаа најголем ќар. Загрижени се и за другите култури од кои ја обезбедуваат целокупната егзистенција...

Десеткувано производството на пролетна зелка. Земјоделците и експертите смеатат дека Македонија го губи приматот на земја традиционално препознатлива по овој производ. Врнежите и лошото време влијаат директно врз квалитетот на пролетната зелка од која годинава ќе има недостиг. Фармерот Милев, засадил околу хектар со зелка, половина под пластеници, но очекува големи загуби.

Штетите ќе бидат многу големи. Според мене околу 50%, се уште не можеме да кажеме за зелаката на отворено. И сметаме дека загубите ќе бидат големи, вели Трајче Милевземјоделц.

Експертите сметаат дека земјоделците мора да ги проветруваат пластениците, за да се овозможи излегување на влагата. Очекуваат стартната цена на пролетната зелка да изнесува 60 денари од килограм.

Кога има температурни амплитуди мора да се внимава на проветрувањето. Оние кои го запазиле ова ќе имаат берба за десетина дена и цената ќе стартува од 60 денари за килограм, вели д-р Ристо Вучков, експерт.

Земјоделците со страв гледаат на оваа производна година. Раноградинарството доцни, а водата се уште не е повлечена од обработливите површини што го става под знак прашање целото земјоделско производство, а со тоа и главната егзистенција на фармерите.

 

Катерина Давчева