Даниел Денковски- најдобар млад научник за 2014 година

15.04.2015 13:39

Признанието се доделува петта година, со цел да се поттикне развојот на научната и истражувачката мисла...

Даниел Денковски од Куманово, магистер по електротехнички и информатички технологии, е најдобар млад научник за 2014-та година, признание за врвни научни достигнувања кое го доделува претседателот на државата, Ѓорѓе Иванов.

„Како претседател на Република Македонија, но пред се како универзитетски професор, во секој поглед ја поддржувам науката. Затоа и го почнав проектот „Најдобар млад научник“, затоа сме денес тука, бидејќи цврсто веруваме дека инвестирањето во науката не е трошок, туку влог во развојот на државата“, истакна претседателот Иванов.

„Би сакал да ги охрабрам младите луѓе во Македонија постојано да го продлабочуваат и надградуваат своето знаење и да се занимаваат со наука поради слободоумноста, возбудливоста и перспективноста на оваа дејност“, посочи младиот научник Денковски.

Признанието се доделува петта година, со цел да се поттикне развојот на научната и истражувачката мисла, со особен акцент на младите македонски научници до 30-годишна возраст.