ММФ: Македонската економија со раст од 3,8% годинава
Растот на бруто- домашниот производ, според прогнозите на аналитичарите на ММФ, ќе изнесува 3,9% во 2016-та, соопшти меѓународната финансиска институција во априлскиот извештај...

Македонската економија се очекува да порасне за 3,8% во 2015 година, откако забележа еднаков раст и во 2014-та, прогнозира Меѓународниот монетарен фонд.
Растот на бруто- домашниот производ, според прогнозите на аналитичарите на ММФ, ќе изнесува 3,9% во 2016-та, соопшти меѓународната финансиска институција во априлскиот извештај.
Просечната годишна инфлација на Македонија е проектирана на 0,1% и 1,5% во 2015-та и 2016-та, соодветно.
Според последниот извештај на ММФ посветен на земјите од Западен Балкан, Македонската економија расте побрзо од останатите во регионот, што се должи на мерките од фискалната политика кои го поттикнуваат растот, но и на странските директни инвестиции.
