Отворени денови на ФЗОМ
16.04.2015 12:36
Ова е дел од заложбите на Фондот за информирани осигуреници кои се активни учесници во процесот на креирање политики за негово подобро функционирање...

Од денеска секој четврток, Фондот за здравствено осигурување ќе организира отворени денови на сите 30 подрачни служби на Фондот.
Ова е дел од заложбите на Фондот за информирани осигуреници кои се активни учесници во процесот на креирање политики за негово подобро функционирање.
Сите заинтересирани осигурени лица ќе може да ги претстават своите идеи, предлози, но и потешкотиите со кои се соочуваат.
Оваа пракса се планира да се одржува до крајот на јуни.
