Кривична пријава за две лица за оружената пресметка во барот „Код“ во Тетово

16.04.2015 12:39

Во престрелката, 6-мина беа повредени, а еден убиен...

Две лица од Голема Речица заработија кривична пријава. Осомничени се за оружената пресметка во барот „Код“ во Тетово, што се случи минатата недела.

По едниот е распишана потерница, затоа што избегал веднаш по стореното кривичо дело. Вториот пак, бил изведен пред истражен судија, кој му одредил 30 дневен притвор.

Во престрелката, 6-мина беа повредени, а еден убиен.