Аферата „ТАТ“ станува полнолетна, штедачите сеуште трагаат по изгубените пари
Од финансиското цунами кое потопи над 60 милини евра досега повратиле само петнаест проценти. Велат дека и понатаму ќе се борат иако се свесни дека стечајната маса е тенка, а им пропадна и последната правна надеж, Судот во Стразбур...

И по 18 години од најголемата македонска финансиска афера која голтна 60 милини евра, во Битола се чувствува татнежот на штедачката болка. Тоа беше грабеж што не остави без тешко заработените пари. Вербата во тогашниот банкарски систем ја платив со 65.000 тешко спечалени тогашни германски марки, вели Елена Ристева. Околностите посакале парите да ги вложи само на неколку месеци пред налетот на финансиското цунами.
„Во тој период каматата беше мала. Ги однесов тешко спечалените пари затоа што дома ми влегоа крадци и не ги најдоа, потоа ги носев со мене на работа, но тоа беше тешко секојдневие, па налетав на соврамените арамии“, вели во очај некогашната штедачка на ТАТ, Елена Ристева.
Таа и останатите штедачи со поголеми влогови од отворањето на стечајната постапка добиле обештетување од петнасетина проценти. Преостанатиот дел од стчајната маса е премал да се дообештетат преостанатите над 40 милиони евра.
„На располагање ни се уште 150 хипотеки и уште толку други предмети во судска постапка. Тешко е да се каже колку би се добиле средства затоа што пазарните услови постојано се менуваат“, вели стечајниот управник Душко Јанкуловски. Правдата ја побара и по судовите, но, за жал грбот му го сврти и оној во Стразбур.
„Образложението беше дека жалбата е нецелосна не знам повеќе дали правда може да се добие и во Судот за човекови права“, вели претседателот на Здружението на штедачи, Пеце Гугучевски.
И покрај се, велат не се откажуваат од своите пари и не забораваат дека ТАТ е афера во која некогашни министри во тренерки, во последен момент ги вадеа своите пари, а тие и денеска се само добра целна група во предизборните кампањи.
Стевче Митревски
