Едно лице повредено во престрелка во Струга

16.04.2015 16:34

Педесет и тригодишниот А.Н. од струшкото село Велешта се здобил со повреди во градниот кош по што е пренесен во Општата болница во Струга, а потоа, поради сериозноста на повредите префрлен во ургентен центар во Скопје...

Едно лице е повредено од огнено оружје при пукотница што случи денеска во 12 часот и 40 минути во близина на тоалетот од спортската обложувалница „Спорт лајф“ која се наоѓа на улицата „Маршал Тито“ во Струга, потврди портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски. 
 
Педесет и тригодишниот А.Н. од струшкото село Велешта се здобил со повреди во градниот кош по што е пренесен во Општата болница во Струга, а потоа, поради сериозноста на повредите префрлен во ургентен центар во Скопје. Настанот се случил денес во 12 часот и 40 минути во близина на тоалетот од спортската обложувалница која се наоѓа на улицата „Маршал Тито“ во Струга. Од засега непознати причини дошло до пукање.  Тука е забележан повредениот А. веднаш до него и огнено оружје пиштол марка „Берета“ калибар 9 милиметри, појасни Димоски.
 
Полициската станица од Струга презема мерки за целосно расветлување на сите аспекти на овој настан.