ФЗОМ: Електронско поднесување барање за ин витро
На овој начин осигурениците и матичните гинеколози во секое време ќе имаат увид во статусот на нивниот предмет преку порталот на Фондот...

Се скратуваат бирократските процедури за барање за ин витро. Од следната недела матичните гинеколози барањата ќе можат да ги пополнуваат и доставуваат преку сајтот на Фондот за здравство.
На овој начин осигурениците и матичните гинеколози во секое време ќе имаат увид во статусот на нивниот предмет преку порталот на Фондот.
Според директорот Стефановски со овој проект се крати дел од бирократските процедури, се забрзува процесот на одлучување и се елиминира просторот за грешки, а воедно, како што рече, ќе нема можност за административна неажурност во подрачните служби.
Минатата година Фондот позитивно одговорил на 1.060 барања за ин витро за прво дете, а само 14 биле одбиени.
