Успешна акција на полициските „Тигри“, спасија момче и девојка заскитани на Водно

17.04.2015 13:36

Тие биле лоцирани во близина на манастирот „Св. Никола“

Вчеравечер полициските „Тигри“ спасуваа момче и девојка  кои при прошетка на Водно заскитале кај браната Матка.

Веднаш бил испратен алпинистички тим на полицијата кој го забележал светлосниот сигнал од двојката вереници.

Тие биле лоцирани во близина на манастирот „Св. Никола“, а по спасувањето од алпинистите се наоѓаат во добра здравствена состојба.