Хојт Ји: Опозицијата да се врати во Собранието
Да се истражат наводните телефонски прислушувања, побара американскиот дипломат...

Местото на опозицијата е во Собранието, како во сите демократски држави- изјави Хојт Брајан Ји, задолжен за Европа и Евроазија во Стејт Департментот, по средбата со лидерот на СДСМ, Зоран Заев во Скопје. Да се истражат наводните телефонски прислушувања, побара американскиот дипломат.
„Веруваме дека е важно Владата да ја адресира суштината на материјалот, целосно да ги истражи наводите за погрешно работење и корупција. Тоа мора да биде испитано. Веруваме, како што му објаснив на Зеав, дека во секоја демократија е важно опозицијата да ја игра својата демократска улога, и целосно да учествува во институциите, како што е Собранието“, истакна Ји по средбата со Заев.
Како што посочи Ји, му порачал на лидерот на СДСМ дека треба да најде начин да ја врати неговата партија во Собранието за да може да ја игра улогата која треба да ја има во Парламентот и да и помогне на Македонија да патот кон евроатланските интеграции.
