Ахмети од амбасадорот на ОБСЕ пораба поддршка за надминување на политичката криза

17.04.2015 15:19

Помошта од ЕУ е во правец на поддршката на политичкиот дијалог и со тоа државата не губи од суверенитетот и интегритетот, изјавил Ахмети...

На средбата со американскиот амбасадор на ОБСЕ во Скопје, лидерот на ДУИ, Али Ахмети побарал поддршка за надминување на недоразбирањата меѓу ВМРО ДПМНЕ и СДСМ.

Помошта од ЕУ е во правец на поддршката на политичкиот дијалог и со тоа државата не губи од суверенитетот и интегритетот, изјавил Ахмети.

Делегацијата на ОБСЕ ќе има средби и со лидерот на СДСМ и со претставници од Власта.