Во Арачиново- локална епидемија на туларемија
Билјана Даниловска од Центарот за јавно здравје - Скопје денеска изјави дека од 12-мината заболени, шест се од село Грушино, а шест од село Арачиново...

Прогласена е локална епидемија на глодарска треска во скопско Арачиново. Надлежните регистрираа 12 случаи на туларемија. Билјана Даниловска од Центарот за јавно здравје - Скопје денеска изјави дека од 12-мината заболени, шест се од село Грушино, а шест од село Арачиново.
Сите пријавени заболени лица од страна на епидемиолошка екипа од Центарот за јавно здравје се анкетирани. Заболените се на возраст од 11 до 73 години. Најголем процент (42 отсто) од заболените односно пет заболени се на возраст од 20 до 29 години, истакна Даниловска.
Со 12-те случаи на подрачјето на општина Арачиново, вкупниот број заболени од туларемија во Македонија изнесува 31.
