Љубовна двојка се изгубила на Матка, интервенирале „Тигрите“

17.04.2015 16:34

Побарале помош на 192. Интервенирал алпинистичкиот тим на единицата за специјални задачи „Тигар“. Шест часа траела потрагата. Го пребарале теренот од потегот Милениумски Крст- Водно, кон локалитетот Матка...

Oна што требало да биде романтична прошетка на вљубена вереничка двојка се претвори во предизвик за полициските специјалци. Шетајќи на убавото време, фасцинирани од прекрасните пејсажи на Водно, двајцата млади завршиле на Матка.

Ги фатила паника кога ја забележале браната. Побарале помош на 192. Интервенирал алпинистичкиот тим на единицата за специјални задачи „Тигар“. Шест часа траела потрагата. Го пребарале теренот од потегот Милениумски Крст- Водно, кон локалитетот Матка.

„Откако од припадниците на единицата „Тигри беше стапено во телефонски контакт со лицето, истото ја опишало и неговата околина по што со давање на светлосен сигнал бил воспоставен и визуелен контакт“, изјави Дејана Недељковиќ, односи за јавност во МВР.

Стравот на верениците поминал откако полициските „Тигри“ околу 1 часот по полноќ ги извлекле од место во близина на манастирот Свети Никола Шишевски. Ги спуштиле безбедно до пешачката патека кај мостот на кајакарскиот дом „Матка“. Од таму со возило се однесени до нивните домови, во добра здравствена состојба.

 

Александра Перевска