Вељаноски: Политичката криза ќе има разрешница за најмногу 2 месеца

17.04.2015 16:41

Претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски во емисијата „Акцент“ на МТВ изјави дека се надева оти дека политичката криза во земјава ќе има разрешница за најмногу 2 месеца. Не гледа причина по една година од последните избори, да се бара техничка влада и ново граѓанско изјаснување...

„Се надевам дека политичката криза во земјава ќе има разрешница за најмногу 2 месеца“  - изјави во емисијата „Акцент“ на МТВ, претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски.

Според него, седнувањето на заедничка маса со посредство на Брисел треба да има резултат и после неколку рудни разговори, опозицијата ќе се врати во Парламентот.

„Се што е потребно е да се има воља за дијалог“, вели првиот парламентарец.

Вељановски не гледа причина по една година од последните избори, да се бара техничка Влада и ново граѓанско изјаснување, кога меѓународните институции констатирале демократски избори во 2014-та година.

Она што го објавува опозициската СДСМ, според Вељаноски, треба да има правна разрешница зашто така земјата ќе покаже демократски капацитет преку владеење на правото, а од тоа понатаму ќе произлезат идните политички чекори.

 

Миле А. Ристески