Премиерот Груевски се сретна со делегација на ОБСЕ
Реформскиот процес и евроинтеграцијата останува темелна заложба на владата – порачал премиерот, а за политичката состојба и двете страни се согласија дека е потребно одговорно однесување...

Позитивна оценка за соработката меѓу Македонија и ОБСЕ. Премиерот Груевски попладнево се сретна со амбасадорите на влијателните земји – членки на организацијата.
Реформскиот процес и евроинтеграцијата останува темелна заложба на владата – порачал премиерот, а за политичката состојба и двете страни се согласија дека е потребно одговорно однесување, ангажман на сите политички чинители, како и активно учество на сите партии во работата на Собранието – информираат од владината прес служба.
За натамошен напредок е потребно брзо надминување на предизвиците низ институциите на системот.
