Благ пад на вакцинацијата

17.04.2015 17:05

Здравствените власти апелираат граѓаните да не ги слушаат пораките од некои интернет портали или медиуми за невакцинирање на децата...

Во минатата година во земјава е забележан благ пад на вакцинирани лица, но тој е се уште во рамките на високите 95 проценти од населението.

Здравствените власти апелираат граѓаните да не ги слушаат пораките од некои интернет портали или медиуми за невакцинирање на децата, бидејќи како што велат, тоа може да придонесе за помала превенција и спречување на заразните болести и зголемување на смртноста на популацијата.