Банки: Ограничени трансакциите на грчките филијали
Соседите на Грција ги ставаат под карантин сите филијали на грчките банки за да ја сведат на минимум опасноста од заразување на сопствените кредитни системи...

Според грчки „Катимерини“, Централните банки на Албанија, Бугарија, Кипар, Романија, Србија, Турција и на Македонија ги задолжиле грчките банкарски филијали во регионот да ги сведат на нула трансакциите со грчките хартии од вредност, заемите и државните обврзници.
Соседите на Грција ги ставаат под карантин сите филијали на грчките банки за да ја сведат на минимум опасноста од заразување на сопствените кредитни системи, во случај да не успеат преговорите меѓу Атина и странските кредитори.
Европската комисија вчера соопшти дека напредокот во преговорите со Грција е незадоволителен, во пресрет на средбата на министрите за финансии од еврозоната, најавена за 24 април.
