Средба на Попоски со делегација од ОБСЕ

17.04.2015 18:07

За време на средбата министерот Попоски ги информира соговорниците за политичките предизвици со кои се соочува Република Македонија, истакнувајќи дека тие мора да се решат во правни, институционални и политички процеси...

Министерот за надворешни работи Никола Попоски, денеска се сретна со група амбасадори акредитирани при ОБСЕ во Виена од САД, Турција, ЕУ и Данска, соопшти МНР.

За време на средбата министерот Попоски ги информира соговорниците за политичките предизвици со кои се соочува Република Македонија, истакнувајќи дека тие мора да се решат во правни, институционални и политички процеси во согласност со уставниот поредок и воспоставените начела на демократија и владеење на правото.

Воедно, беше истакнато дека сите политички чинители треба да се однесуваат одговорно, со цел надминување на актуелната политичка состојба, стои во соопштението од МНР.