СДСМ објави нов сет на аудио снимки
СДСМ во Штип објави нови аудио-материјали од прислушувани разговори кои ги поседува. Од партијата тврдат дека од тоа што го презентираат се гледа како власта вршела притисоци врз образовани институции и бизнисмени...

Владимир Милошев, претседател на ОО СДСМ Штип, на прес конференција објави разговори за кои рече дека покажуваат, како високи државни функционери за време на локалните избори во 2013-та правеле изборни нерегуларности. Освен тоа, штипскоите социјалдемократи обвинија и за Упад во автономијата на Универзитетот „Гоце Делчев“, како и за притисоци врз штипските бизнисмени што, според нив, одбивале да соработуваат со власта.
СДСМ и во Штип со протестен марш. Најавија дека ќе продолжат да објавуваат аудио снимки за наводни злоупотреби на власта се во име на вистината и за враќање на слободата и демократијата во земјава.
Игор Панов
