Првата дама во промоција на македонските убавини

18.04.2015 18:32

На покана на првата дама Маја Иванова, манастирот Свети Јован Бигорски го посетија сопругите на десетмина резидентни амбасадори во земајава. Иванова рече дека со ова прави промоција на убавините на својата татковина. Гостинките беа воодушевени од духовните и природните богатства на Реканскиот крај...

Манастирот Свети Јогван Бигорски го посетија сопругите на десетмина резидентни амбасадори во земјава. На покана на сопругата на претседателот Иванов, Маја Иванова, присуствуваа на ручек по повод велигденските празници.

Гостите се запознаа со историјата на ова светилиште сместено во срцето на Реканскиот крај. Од близу ги видоа чудотворната икона на Свети Јован Крстител и надалеку познатиот резбан иконостас на Петре Филипов Гарката. Беа воодушевени од фрескоцртањето и архитектурата.

Првата дама смета дека со ова прави промоција на убавините на својата татковина.

Бигосрскиот манастир го посетија сопругите на амбасадорите на Италија, Полска, Романија, Русија, Словачка, Словенија, Шведска, Украјна, САД и Швајцарија.

По посетата на Бигорскиот манастир, првата дама и нејзините гости го посетија и манастирот  Свети Георги Победоносец – Рајчица кај Дебар.

 

Зоран Јованоски