Културното наследство бара квалитетно одржување

18.04.2015 16:50

Да се има големо културно наследство е гордост, но и голема обврсака истото да се одржува. Во услови на лимитирани средства туризмот е еден од изворите за негова континуирана ревитализација, порачуват експертите...

Само со успешно управување културното наследство може во континуитет да се одржува на завидно ниво. Секоја заштита има временски рок и потребно е постојано обновување. Во услови на лимитирани средстава, туризмот може да ја потикне одржливоста на културното наследство и да ја одигра ревитализациската улога, велат експертите.

„Обични бетонски згради има во цел свет, стари историски згради малку. Не треба само да ги одржуваме току и оживееме само тогаш културното наследство е во вистинска функција“, вели деканот на Факултетот за туризам, Сашо Коруновски.

Профитот е оправдан само доколку не се наруши интегритетот на објектот. Во таа насока деканот Коруновски го поздравува најавениот закон за заштита на градското  јадро на Битола, бидејки без законски акт нема ниту адекватна заштита.

„Тој ги пропишува правилата кои важат во едно јадро. Ако некој донесе таков акт на заштита значи дека ви ги признава и цени вредностите и ви кажува на кој начин треба да ги зачувате истите“, вели деканот Сашо Коруновски.

И годинешните капитални проекти покажуваат дека битолското културно наследство е ценето и се ревитализира.

„Грижата на Министерсвото за култура е навистина голема. За годинава предвидени се повеќе проекти но би ги издвоила трите капитални реставрацијата на фасадите на Гимназијата, Музичкото улилиште и Безистенот“ рече директорката на битолскиот завод и музеј Лилјана Христовска.

Без разлика на кој начин се остварува најважно е да ја почитуваме дефиницијата за наследството, сочовајте го за да се гордеат и идните генерации.

 

Стевче Митревски