Политиката да биде партнер, да не го кочи бизнисот!

19.04.2015 18:06

Политиката треба да биде партнер, а не соперник на економијата. Секоја минута политичка криза е штетна- велат бизнисмените. Граѓаните се фокусирани на животниот стандард, порачуваат политиката да си ја решат политичарите ...

Политиката во сенка, граѓаните фокусирани на животниот стандард. Преокупирани да ги решат семејните проблеми, да ги платат сметките, да добијат повисоки плати и пензии. Велат - новите  работни места и инвестиции се мотивациски фактор за поквалитетен живот. Од општеството и политичарите очекуваат да обезбедат стабилност, мир и безбедност, економски раст, нови инвестиции. За голем дел   политичката криза е во втор план, решение - да си најдат политичарите!   

„Важни се вработувањата, да имаат луѓето од што да живеат, а не кој што кажал, кој како кажал... Тоа е битно за живеење, ова прислушкувањето ни дојде на сите преку глава... Политиката го прави животниот стандард, тоа е поврзано, добро – егизстенција, животен стандар тоа е поврзано... Најбитно е кој не води, стандардот не дека е за занемарување, но ова што го слушаме е катастрофа... Сето тоа е политички изрежирано, за некое внимание и деструкција кон проблемите што ги имаме... Политиката да ја оставиме на политичарите, а ние да си го гледаме животниот стандард“- велат граѓаните. 

Секоја состојба на криза и нестабилност го дрма бизнисот, влијае на инвестициите, сега умешност е претприемачкиот дух да завладее, да се насочи кон нови материјални вредности, велат аналитичарите. Со став политиката влијае, но луѓето се изморени, се помалку и веруваат , бараат реализација на платформи, инвестиции, развој, раст на перформансите што ќе обезбедат повисок животен стандард. Слободата на дејствување и пазарните законитости се главниот фактор што ги мотивира луѓето- оценува универзитетскиот професор Пејковски.

„Зголемувањето на платите и на пензиите ги мотивира луѓето во насока на поголема активност,  стандард, зошто тоа обезбедува поквалитетен живот и ако растат БДП, привлекувањето на странски инвестиици, нови работни места, влијае на поголема побарувачка на труд, зголемена маса на средства што ја поттикнуваат потрошувачката што влијае на зголемување на производство, нови вработувања, со еден збор позитивен тренд во економијата што го проценија и ММФ и институциите кај нас“, вели професорот Пејковски.

Веруваме во Вашата земја и успешноста на нашата инвестиција – со овој став Советот на странски инвеститори се огради од коментари за влијанието на политичката состојба врз деловното работење.

Политиката треба да биде партнер, а не соперник на економијата. Секоја минута политичка криза е штетна, бизнисмените загрижени апелираат до политичарите, што поскоро да ја надминат ситуацијата, зашто може да дојде до сериозни ризици од подолг застој на економските движења.

Сузана Фиданска- Стоевска