Нови мерки: Откуп на стаж и продолжено породилно отсуство
Откупот на стажот ќе го реши долгогодишниот проблем на работниците од пропаднатите фирми- вели првиот синдикалец. Митревски очекува голем број работници да го најдат решението за пензискиот стаж. Новите мерки за подобрување на квалитетот на живот ќе донесат и продолжување на платеното породилно отсуство...

Откупот на стажот ќе го реши долгогодишниот проблем на работниците од пропаднатите фирми. Нивното барање ќе биде преточено во закон. По намалени стапки ќе можат да си ги платат придонесите и да се стекнат со право на пензија. Според првиот синдикалец, Живко Митревски, со новата владина мерка што Премиерот ја најави од собирот во Прилеп голем број работници ќе го најдат решението за пензискиот стаж. Со новите законски измени ќе можат да си го платат придонесот за пензиско и инвалидско осигурување за неплатени придонеси заклучно со 31.12.2008 година.
Новите мерки за подобрување на квалитетот на живот ќе донесат и продолжување на платеното породилно отсуство. Македонија ќе биде една од ретките држави кои ќе ја имплементираат Конвенцијата за заштита на мајчинството, вели Митревски. Наместо сегашните 12 месеци мајките кои ќе родат второ, трето или повеќе деца ќе добијат уште три дополнителни месеци за грижа на децата.
Нови крупни проекти за зголемување на вработеноста и мерките за работниците и мајките на породилно отсуство треба да донесат поквалитетен живот и подобрување на екононската состојба на земјата.
Сунчица Николоска
