Нови инвестиции за нови работни места
Прилеп станува атрактивна мета за странските инвеститори. Четири светски компании почнуваат бизнис во овој регион. Најавени се вработувања за илјадници луѓе. Добрата бизнис клима и кфалификуваната работна сила се магнет за инвеститорите...

За само неколку месеци во Прилеп својот влез го најавија 4 големи светски компании, кои во наредниот период најавуваат инвестиции од над 300 милиони евра и отворање над 4.000 нови работни места. Прилеп полека станува атрактивна мета за странските инвеститори. Дел од нив се гринфилд инвестиции во Слободната зона кај Алинци, а дел ќе започнат како браунфилд инвестиции.
„Ние го ветивме влезот на светскито гигант Филип Морис во Прилеп, а со тоа и стабилизација и долгорочен прогрес на тутунскиот комбинат во Прилеп. Тоа и се случи. Сега во октомври на Прилеп ќе му се случи американскиот гигант во автомобилската индустрија Гентерм, кој со инвестиција од 20 милиони евра ќе отвори 2.000 нови работни места. Да ја споменам и да го потврдам влезот на германската фирма Акомпласт која отвора фабрика за производство на компоненти за автомобили со почетна инвестиција од неколку милиони евра и 250 нови вработувања. И уште една потврда за влезот на италијанската компанија Буци и Буци која во Прилеп произведува расветни тела и која на самиот почеток ќе вработи 50 лица, а за 2 години над 150 луѓе“, истакна Никола Груевски, Претседател на Владата на РМ.
Инвеститорите велат дека главната причина поради која се одлучуваат да дојдат тука, е квалификуваната работна сила, добрата бизнис клима, и секако големата поддршка од Владата.
„Тие два фактори работната сила и поддршката од Владата беа пресудни дза да ние дојдеме тука во Прилеп и да започнеме свој бизнис“, рече Јорк Еверс, директор на Гентерм за Европа.
„Прилеп не го одбравме само затоа што има добар потенцијал за квалификувана работна сила туку и затоа што имаме одлична соработка и поддршка од општината“, вели Инес Андре, претставник на „Акомпласт“.
Влез најави и Ирската компанија „Етанол Европа“ и нејзиниот американски партнер „Дупонт“ кои во Мариово ќе градат рафинерија за етанол, инвестиција 250 милиони евра, која ќе отвори 2.000 нови вработувања.
„Само во последните 3 месеци оваа компанија испрати три големи технички мисии за различни аспекти во подготовката на нивната рафинерија која во 2016 година ќе започнат да ја градат во Мариово“, додаде Груевски.
Вакви позитивни бомби се најавуваат во скоро сите градови во Македонија. Американска копанија од автомобилската индустрија ќе отвори фабрика во Тетово и планира да отвори 2.500 нови работни места. Американската „Амфенол“ веќе донесе одлука за префрлање 6 дивизии во ТИРЗ „Кочани - Виница“ каде ќе се остварат 2.500 вработувања. Во Пробиштип од страна на компанија од автомобилската индустрија, инвестиција 15 милиони евра, ќе отвори 300 работни места. Холандската компанија „Антура“, која во Кочани досега вработи 100 лица, ќе го зголеми бројот на вработени за уште 200 нови. А во Штип, „Џонсон Контролс“ донесе одлука за дополнително зголемување на бројот на вработените за 200 нови лица. Исто така германска компанија за производство на електрични уреди ќе отвори 500 нови работни места во Скопје.
Дарко Штаргоски
