СДСМ објави нови прислушувани разговори
Опозицијата објави нови снимени материјали, за проектот Скопје 2014. Првиот човек на СДСМ во Центар тврди дека државните институции работеле незаконски...

Опозициската СДСМ на денешниот собир во паркот во Капиштец, објави аудио снимки, за кои како што тврдат покажувале како актуелната власт го замислува изгледот на центарот на престолнината во рамките на проектот Скопје 2014.
Според првиот човек на СДСМ во Центар станувало збор за незаконско работење од страна на државните институции, кои се договарале околу изгледот на Офицерскиот дом, ГТЦ и други објекти во центарот на главниот град.
Богдановиќ најави дека идната недела на референдум граѓаните на Центар ќе решаваат за изгледот на Градскиот трговски центар. Најавија дека ќе продолжат со објавување на аудио материјали за како што велат да ја освојат битката за слобода и демократија.
Игор Панов
