Од септември, имунизација со поливалентни вакцини

19.04.2015 18:43

Имунизацијата бележи благ пад речиси кај сите вакцини – велат здравствените власти. Апелираат граѓаните да ги вакцинираат своите деца...

Четиригодишниот Владимир и едногодишниот Никола редовно ги примаат  вакцините. Нивната мајка ги следи медиумите и поделените ставови околу имунизацијата, но смета дека со вакцинирањето ги заштитува своите деца.

Според податоците на надлежните од година на година за еден до два процента е намалена имунизацијата. Некои родители одбиваат да ги вакцинираат децата, други ги носат во сосдеството на имунизација, но најголем дел од нив ги вакцинираат своите деца.

Според надлежните, од 350 илјади боцкања годишно во Македонија, има околу 30 до 40 лесни несакани рекации. Вакцините кај некои деца предизвикуваат покачена темрепатура, оток на местото на боцкањето, вознемиреност, плачење.

Во минатата година во земјава е забележан благ пад на вакцинирани лица, но тој сеуште е во рамките на високите 95 проценти од населението. Здравствените власти апелираат граѓаните да не ги слушаат пораките за невакцинирање на децата, бидејќи како што велат, тоа може да придонесе за помала превенција и спречување на заразните болести и зголемување на смртноста на популацијата.

 

Наташа Јанчиќ