Советот за општи работи на ЕУ инсистира на взаемен лидерски разговор

19.04.2015 19:02

Лидерите на политичките партии да најдат решенија за надминување на политичката криза во Македонија. Овие заклучоци треба да бидат усвоени од страна на Советот за општи работи во Луксембург...

Советот изразува длабока загриженост за влошување на ситуацијата во поранешната југословенска република Македонија и ги повикува лидерите на сите политички партии да пристапат кон решавање на истата- е наведено во финалната верзија на заклуцоците за нашата држава кои ќе бидат усвени од страна на Советот за општи работи, во вторник во  Луксембург, потврдуваат за МТВ дипломатски извори во Брисел.

Ова е главната поента, односно само дел од пораката на 28- те министри на државите членки на Европскста Унија. Овие заклучоци веќе беа договорени и усогласени на амбасадорско ниво. Инаку ова е и прва реакција за актуелната политичка ситуација во Македонија, од вака високо ниво.

Останатите детали ќе бидат познати по заврсување на состанокот на миснистрите во вторник.

А утре во Брисел пристигнува и владината делегација предводена од премиерот Никола Груевски на средба со викоките европски преставници. Ќе бидат максимално интензивирани дипломастките контакти со цел да се надмине политичката состојба во Македонија.

 

Марина Стојанова- Тонева, постојан дописник од Брисел за МРТ